Почетна / Сапуници / Видео | Неочекуван шок во „Јаболкото“ – умира големиот Халит Аргун
"Забрането Јаболко" - серијата која ги помести границите и ги подигна стандардите на забавна, драматична и динамична серија

Видео | Неочекуван шок во „Јаболкото“ – умира големиот Халит Аргун

Најавата за новата епизода на “Забрането јаболко” која ќе биде емитувана вечерва на Канал 5 ги “запали” претходно социјалните мрежи во Турција и ги шокираше фановите на оваа гламурозна сапуница.

Најавата достигна над 2 милиони прегледи на Јутјуб за само неколку дена, а фановите во Турција со нетрпение очекуваа да видат што ќе се случи навистина во нивната омилена серија.

Неочекуван пресврт во дејството – умира големиот Халит Аргун. Умира главата на семејството Аргун и водечкиот лик во целата приказна. Умира оној за кого се кршеа копјата и оној кој ги влечеше сите конци како во вилата, така и во холдингот.

Ендер, Јилдиз и Шахика, трите грации сосема случајно ќе го бутнат Халит од скалите во големата вила. Следува погребот и сосема поинаков тек на дејството. Шокантни пресврти во вашата омилена серија, шокантни изненадувања од кои запираше и ќе запира здивот.

После вакво убиство од небрежност, доаѓа ли крајот за Јилдиз, Ендер и Шахика? Доаѓа ли крајот на сплетките и заверите кои ги одржуваа во живот овие три дами од високото друштво?

Погледнете го видеото во продолжение, а вечерва очекувајте ја и оваа шокирачка епизода на Канал 5.

Во “Забрането Јаболко” ништо повеќе нема да биде забрането.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!