Почетна / Забава / Евровизија / Со поп-R&B песна Финска ќе настапи на Евровизија 2016 во мај

Со поп-R&B песна Финска ќе настапи на Евровизија 2016 во мај

 

Sing it away – финската претставничка на Евровизија

 

Финска на Евровизија настапува уште од далечната 1961 година, а својата прва победа ја забележува дури во 2006 година со необичните Lordi. Финската радиотелевизија YLE како и своите соседи уште на 26 мај го потврди своето учество на Евровизија. Како и претходните пет години, и оваа одлучија својот претставник да го изберат преку шоуто Uuden Musiikin Kilpailu.

 

 

На 6, 13 и 20 февруари беа оддржани три полуфиналиња со по шест песни, од кои само три преку гласови од публиката се пласираа во финалето кое се оддржа на 27 февруари. Интересно е што иако се важеше за најголем фаворит, и дека конечно по втор пат обид ќе успее да ја претставува Финска, фантастичната изведба на Mikael Saari – On It Goes сепак беше победена од Sandhja и нејзината Sing It Away.

Sandhja Kuivalainen има 24 години и по потекло е од татко Финец и мајка Индо-Гвинезијка. Во 2013 година таа го издава својот прв сингл Hold Me, од својот деби албум кој го издава во 2014 година под име Gold а во продукција на Sony Music Finland.

 

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Услови кои треба да ги исполни песната за јуниорски Евросонг 2026

Македонската Радио Телевизија објавува Конкурс за избор на композиција која ќе ја претставува Република Северна …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!