Почетна / Филм / Бен Афлек и Кевин Костнер се „Опуштени менаџери“ на Телма

Бен Афлек и Кевин Костнер се „Опуштени менаџери“ на Телма

сабота, 17 декември 2022 , 22:15 часот на Телма – “The company men”

Амбициозниот Боби Вокер e релативно млад менаџер за продажба во голема американска корпорација за бродоградба. Семеен човек кој верува дека неговиот живот е американскиот сон. Оженет е со грижливата Меги со која има син, живее во голема куќа во предградието, вози Порше и рекреативно игра голф во престижен клуб.

Но, годината е 2010 година и економската криза е во полн замав, па еден ден неговиот шеф Џејмс Селинџер и наложува на службеничката за човечки ресурси, Сали Вилкокс, да ги намали деловните трошоци со отпуштање на некои од работниците. Кога ќе добие отказ, Боби, оптоварен со заеми и хипотека, ќе се најде во голема неволја и наскоро ќе го изгуби и Поршето и членството во голф-клубот.

Тој верува дека може да најде привремен излез со тоа што ќе се вработи во приватната градежна компанија на својот зет, Џек Долан, чесен работник што ги презира корпорациите. Во новата рунда намалување на трошоците, работата ја губат уште двајца, уште повисоко рангирани службеници во неговата бивша корпорација.

Средовечниот Фил Вудворд, знае дека на негова возраст ќе биде тешко повторно да најде работа, а ко-основачот на компанијата Џин МекКлари е разочаран од фактот што неговиот најдобар пријател и поранешен студент, цимерот Селинџер го отпуштил од работа…

Авторот зборува јасно и критички за бесчувствителноста и несолидарноста на корпоративна Америка, за недостатокот на перспектива и губење на надежта, за социјалната нечувствителност и моралната амбивалентност, како и за поврзаните интимни егзистенцијални и пошироки семејни кризи.

Во главните улоги: оскаровците Бен Афлек, Томи Ли Џонс, Крис Купер, Кевин Костнер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!