Почетна / Живот / Eurosport го открива визуелниот идентитет за ЗОИ во Пјонгчанг 2018

Eurosport го открива визуелниот идентитет за ЗОИ во Пјонгчанг 2018

 

Eurosport  денес го претстави посебно дизајнираното лого за ЗОИ 2018, првите игри со кои станува „Дом на Олимписките игри за Европа“.


Логото на Eurosport посветено за ЗОИ во Пјонгчанг 2018, означува почеток на новата ера за водечката медиумска спортска дестинација и најголемото спортско случување, а ќе може да се проследи на сите програми и платформи на Eurosport за време на подготовките и во текот на самите Олимписки игри.

 Логото го здружува написот Eurosport и Пјонгчанг, под кои се наоѓаат Олимписките кругови. Над нив се наоѓа силуета од планина, како природно окружување за ЗОИ. Силуетата на планината ја опкружува кружен лак кој ги симболизира Олимписките кругови. Лакот ќе има неколку варијанти со живи бои кои ја означуваат модерната корејска музика и К-поп супкултурата.

 

 

 Питер Хатон, главниот извршен директор за Eurosport изјави: „Како Дом на Олимписките игри во Европа и горд партнер на најголемото спортско случување, работиме на тоа Eurosport во секој поглед да биде прва асоцијација и синоним за Олимписките игри. Овој визуелен идентитет го претставува духот на Јужна Кореја и се надеваме дека гледачите веднаш ќе го препознаат како симбол за нашата олимписка програма.“

 „ЗОИ во Пјонгчанг започнува за помалку од една година и ние веќе далеку стигнавме на патот да го редефинираме искуството на следење на Олимписките игри и преносот да досегне до поголем број луѓе и повеќе екрани од било кога порано. Посветено работиме на тоа, на гледачите да им понудиме нешто навистина поразлично, шанса да ги следат локалните јунаци, секој спорт и секој момент кој за нив е важен од ОИ. Знаеме како тоа да го оствариме, бидејќи сега веќе повеќе од пола од нашата програма се состои во пренос на две третини од сите олимписки спортови.“, додаде Хатон.

 Discovery Communications е сопственик на мултимедијалните права за пренос на Олимписките игри од 2018 до 2024 за 50 европски земји, што беше објавено заедно со Меѓународниот олимписки комитет во јуни 2015.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Котевски назначен за вд директор на Филхармонија

Александар Котевски е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Котевски доаѓа на местото на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!