Наскоро почнува втората сезона на кулинарското шоу „180 степени“ на Телевизија Телма. Секој што знае да готви, може да ги покаже своите вештини, знаење и креативност и воедно да се обиде да освои награда од еден милион денари.

Се пријавувате со пополнување на прашалникот објавен на веб страната на Телма кој потоа го испраќате на [email protected].

Право на учество имаат само полнолетни лица со наполнети 18 години на денот на пријавата. Пријавата бара потврда на идентитет и исполнување на условите за учество во готвачкото шоу на територија на Република Македонија.

Доколку бидете избрани за учество во емисијата, мора да бидете во можност да ги прилагодите вашите секојдневни обврски за определен временски период за време на снимање на емисијата. Доколку сте професионален готвач, немате право на пријава. Во моментот не смеете да работите како професионален готвач и никогаш да не сте работеле како професионален готвач.

Доколку во минатото сте оствариле приход како готвач, со подготовки и готвење во професионална средина (ресторан, хотел, менза, кетеринг и др). ТЕЛМА ТВ го задржува правото да процени дали вашите вештини, обуки и искуство се преквалификувани и не се соодветни за учество во емисијата.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
