Телевизија Алфа за наредниот период најавува реприза на веќе прикажана турска серија на друга национална телевизија, и тоа со голем успех пред 14 години.

Наместо за новите генерации на гледачи да прикаже премиерна програма, односно премиерни серии, телевизијата одлучува да продолжи со теркот на репризирање на успешници кои донеле големи рејтинзи и профити за другите национални телевизии во минатото.

Па така, во низата на репризи на 1001 ноќ, Кога лисјата паѓаат, Величествениот и Аси, сега следува реприза и на познатата “Бурни времиња”.

До кога гледачите на оваа телевизија ќе гледаат рециклажи на веќе емитувани серии? Дали македонските телевизии треба да го следат примерот на сите телевизии во регионот и конечно да понудат целодневна премиерна програма?
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
