Почетна / Серии / Историската фантазија „Демоните на Да Винчи“ за викенд по Гранд

Историската фантазија „Демоните на Да Винчи“ за викенд по Гранд

Историска серија од продукцијата на BBC, базирана на животот на големиот уметник Леонардо да Винчи за време на ренесансата во Италија. Снимена е во Велс, а дистрибуирана е низ 120 земји ширум светот.

Да Винчи е претставен како ексцентричен гениј кој се бори со своите внатрешни демони и несоборлива имагинација, додека длабоко во себе копнее по прифаќање од својот отуѓен татко. Тој полека се вплеткува во политички интриги за контрола врз Фиренца, откривајќи шпион кој протекува информации до Католичката црква и семејството Паци.

Во меѓувреме, да Винчи започнува афера со Лукреција Донати, љубовницата на Лоренцо де Медичи.

Овие настани се случуваат паралелно и со потрагата на Леонардо по “Книгата на лисјата”, воден од мистицизмот дека откако ќе ја пронајде оваа книга, ќе може не само да ја види, туку и да ја обликува иднината.

Британско американска серија “Демоните на Да Винчи” секоја сабота и недела по полноќ, по завршетокот на тековните емисии на Гранд на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Итна служба: Тексас“, нова полициска серија во познатиот термин

Една од најпознатите американски франшизи продолжува со нова и возбудлива серија. Овој пат, се селиме …

error: Содржината е заштитена!