Празничниот продолжен викенд поминете го во друштво со филмовите за релаксирање на програмата на Македонската телевизија.

Мерил Стрип, Џулија Робертс, Сем Шепард и Бенедикт Камбербач ќе ги гледаме во драмедијата “August: Osage County” (2013) во сабота (23 мај) на првиот канал на МТВ. Филм кој имаше неколку номинации за Оскар, меѓу кои најдобра главна женска улога и најдобра споредна женска улога, а има освоено награди на Hollywood Film Festival, Oklahoma Film Critics Circle и Britannia Awards.

Со истиот жанр продолжува филмската вечер на МРТ каде три мајки одлучуваат да се здружат за да се ослободат од одговорностите што им се наметнати и да се впуштат во дива, слободоумна авантура сосема нетипична за мајките, спротивставувајќи им се на посветените, совршени мајки.

Неделното попладне ќе го поминеме со култната комедија за куќата на големата Мама, а неделната вечер ја завршуваме со Адам Сендлер и комичната фантазија за “Чевларот”.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
