Почетна / Живот / 30-метарска Мајка Тереза на плоштад Македонија!

30-метарска Мајка Тереза на плоштад Македонија!

Плоштадот во Скопје ќе биде збогатен со уште еден грандиозен споменик кој со својата висина ќе ги засени сите досегашни. На поранешната локација на чевларот „Кенан“, предвидена е изградба на 30-метарски споменик на Мајка Тереза. Во новиот план за општина „Центар“ која, веројатно ќе биде преименувана во „Александрија“, стои и дека ќе се гради и подземна сообраќајница до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе почнува од катната гаража до Беко, а ќе продолжува до „Технометал-Вардар“ на улица „Македонија“. Граѓаните на оваа метропола ќе добијат и нов мост спроти Поштата за панорамското тркало, како и два нови сплава на реката Вардар. Булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“ на своите краеви ќе добијат кружни текови во чии средини ќе се постават споменици.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирана детската книга „Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова

На 21 февруари во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоција на втората од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!