Почетна / Серии / Нов полициски процедурал „Смртоносно оружје“ на Телма

Нов полициски процедурал „Смртоносно оружје“ на Телма

На местото на “Готам 3” доаѓа нова американска серија во 20.35 часот

Нова американска серија на Телма телевизија. Секоја вечер по завршување на “Топ Тема” ќе се емитува “Смртоносно оружје”, снимена на база на истоимениот филмски серијал во кој глумеа фантастичните Мел Гибсон и Дени Главер. Во новата серија ќе се спојат акцијата и драмата со безусловното пријателство и хуморот. Процедурал кој ги прати секојдневните акции на детективското дуо кои се во постојана борба со криминалот на улиците на модерниот Лос Анџелес.

 Роџер, по инфарктот се враќа на работа со препорака од докторот – нивото на стрес да го доведе до минимум. Тоа нема да биде така едноставно со оглед дека во тимот му се приклучува и новиот партнер, Мартин, кој во ЛА бара нов почеток, откако во Тексас му се убиени сопругата и нероденото дете. Згоди и незгоди на двајцата остроумни детективи следуваат на Телма телевизија во новиот полициски процедурал “Lethal weapon”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Бјелогрлиќ и Катарина Радивојевиќ во „Нечиста крв“ на Телма

Историска драма во десет продолженија која опфаќа период од 40 години од 19 век и …

error: Содржината е заштитена!