Почетна / Телевизија / Фото | Која е Македонката во „Задруга“, новото шоу на Алфа

Фото | Која е Македонката во „Задруга“, новото шоу на Алфа

Како што објавивме, вечерва на Алфа телевизија започнува новото српско реално шоу “Задруга”. Покрај многутте скандалозни личности од српската риалити сцена кои се дел од шоуто, во него влезе и една Македонка.

Се работи за 24 годишната скопјанка Елеонора Миљковиќ, дипломиран правник која е позната Инстаграм фигура. Фотографирање, теретана, плажа, здрава исхрана е нејзиниот стил на живот.

 „Не се плашам од ништо, односно единствен страв ми е ако нема храна. Јас кога сум гладна, тоа навистина е страшно. Тогаш сум нервозна и сите ме нервираат“, кажа Елеонора во своето претставување пред влегувањето во реалното шоу.

Како девојката ќе се снајде во задругата и дали веќе се појавија првите симпатии меѓу неа и еден од учесниците, останува да дознаете во новото шоу на Алфа, кое ќе го следите секоја вечер на оваа фреквенција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

error: Содржината е заштитена!