Почетна / Забава / Евровизија / Од победа на „The Voice“ до претставник на Германија на Евровизија

Од победа на „The Voice“ до претставник на Германија на Евровизија

 

Погледнете ја девојката која е фанатик на корејската култура и стил

 

Со 59 учества на Евровизија, Германија се вбројува меѓу првите нации кои земале учество на овој настан, а досега имаaт две победи (1982, 2010). Минатата година со нумерата “Black Smoke” освоија последно место и нула поени. NDR го потврди учеството на Германија за Евровизија 2016 уште на 27 мај минатата година. Од 2013 па наваму Германија го избира претставникот преку национални избори со неколку артисти.

 

 

На 19 ноември минатата година беше објавено дека интерно за претставник го избираат Xavier Naidoo, еден од најпопуларните германски музичари и дека ќе организираат избор за песна со која тој ќе настапи во Стокхолм. Меѓутоа поради бројните негативни реакции од јавноста и медиумите, NDR го раскина договорот со Xavier. Unser Lied für Stockholm е изборот со кој тие ја одбраа нумерата Ghost. На 25 февруари во градот Келн беше оддржан овој избор, а на него за карта за Стокхолм се бореа 10 изведувачи. Вкупно 150 песни беа пристигнати до NDR од бројни радио станици, продуцентски компании, менаџери и од самите артисти. Најдобрите 10 беа избрани за оваа селекција. Преку СМС гласање од публиката и гласовите од апликацијата беа одбрани трите најдобри песни кои продолжија во вторат фаза, суперфинале. Покрај Jamie-Lee, во потесниот круг се најдоа и Avantasia -“Mistery of a Blood Red Rose и Alex Diehl – “Nur ein Lied”. Со вкупно пристигнати 498,293 гласови или 44.5% од гласовите убедливо победи нумерата “Ghost”. 

 

 

Честа да ја претставува оваа Топ 5 земја учесничка годинава ќе ја има последниот победник на The Voice of Germany, седумнаесетгодишната Jamie-Lee Kriewitz. Родена во град близу Хановер, Џејми на 12 години се придружува на госпел хорот во својот град. Интересен е нејзиниот начин на облекување, односно Декора кеи моден стил, јапонски стил или мешавина на Јужно Корејскиот К-поп стил. Воедно голем фанатик на Корејската култура, таа има посетувано и Корејски студии. Од 2012 година станува веган, и е дел од кампањи за здрав живот и правата на животните. Минатата година го освојува жирито на германската верзија на The Voice со нумерата “The Hanging Tree” од трилогијата Игра на гладните, а истата нумера ја изведува и во живо пред Џенифер Лоренс, за време на премиерата на филмот во Берлин. Во финалето настапи со британската пејачка Jess Glynne. “Ghost” е воедно и нејзиниот прв сингл кој што достигна 11. место на германските музички листи.

 


 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И покрај скандалот, Холандија сепак ќе оди на Евровизија 2025

Оваа година за првпат во историјата на Евровизија, ден пред финалето, Холандија беше дисквалификувана поради …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!