Почетна / Телевизија / Сега е сè полесно со српските практични жени на Сител

Сега е сè полесно со српските практични жени на Сител

За сите домаќинки – четврта сезона од српската хит емисија

Сител телевизија премиерно ни ја носи најновата сезона од познатата српска емисија на малите екрани. Секој работен ден во 12.10 часот, веднаш по пладневните вести се емитува “Практична жена”, емисија која ги советува домаќинките како да си го поедностават животот, а ќе нуди и брзи решенија за многу проблеми во кујната, тоалетот, совети за фамилијата, домот, телото, убавината.

Оригиналните совети на српските жени се од големо значење не само за припадничките на понежниот пол, туку и за мажите. Многу познати личности од српскиот шоу биз ќе споделат искуства од нивните домаќинства и животи, како и мали тајни кои никој не ги слушнал.

Наташа Павловиќ, водителката на шоуто, ги повикува жените да ги гледаат нејзините изданија и да дознаат како на креативен начин може да готват ручек, но истовремено да си играат и со дечињата. Или па како да успеат со минимум време и трошок да вежбаат, а да изгледаат витално и убаво.

Домаќинки, подгответе се! Вашето попладнете започнете го со “Практична жена” само на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!