Почетна / МК Сцена / Даниел Тренчовски со нова песна на српски јазик – „Јачи него икад“

Даниел Тренчовски со нова песна на српски јазик – „Јачи него икад“

Нашиот Македонец кој со години ги живее париските соништа, повторно се враќа на регионалната музичка сцена – но овој пат, посилен – „Јачи него икад“! Новиот сингл на Даниел Тренчовски буквално експлодираше на социјалните мрежи и за неверојатно кратко време се претвори во вирален тренд што го запали целиот Балкан.

Песната која е инспирирана од вистинска животна приказна, ја носи онаа ретка доза искреност по која публиката веднаш ќе препознае дека не е само уште една комерцијална продукција. Напротив, Даниел овојпат раскажува нешто лично, вистинито и болно, но во исто време моќно, со порака за борба, издржливост и надминување на сопствените граници.
И да, повторно докажа дека е човек-оркестар: текстот и музиката се негови, а звукот го гради од корен – без компромиси и без шаблони. Професионалниот аранжман е реализиран во студијата на Гранд продукција во Белград, што само ја потврдува продукциската сериозност и амбиентот на голема сцена.

Она што најмногу го „пали“ интернетот е и видеоспотот. Снимен на повеќе локации во Париз, под светлата на градот кој никогаш не спие, визуелно носи истиот „high energy“ пристап каков што има и песната. Во него се појавува српско мото–друштво, кое со својата посебна енергија и хардкор моторџиски стил внесува адреналин, уличен шмек и автентичен дух.
Но најмоќните сцени се без конкуренција – токму оние под Ајфеловата кула, каде Даниел доминира како вистински интернационален артист. Кинематографијата, динамичната режија и силната атмосфера му даваат на видеото глобален изглед, како да е извлечено од светските музички канали.

Публиката ја прифати „Јачи него икад“ со редок ентузијазам. Реакциите се одлични, коментарите позитивни, а бројките на стриминг платформите и TikTok предизвиците секојдневно одат нагоре. Посебно импресионира тоа што песната станува хит без агресивен маркетинг – туку исклучиво преку луѓето што ја слушаат, ја споделуваат и ја пеат.

Со овој сингл, Даниел Тренчовски уште еднаш докажува дека е артист со јасна визија и сериозен меѓународен потенцијал. Публиката го сака, медиумите го следат, а тој најавува. уште многу многу нови проекти. Со свој уникатен звук, впечатлив имиџ и се поголема фан-база, Даниел дефинитивно станува едно од најзборуваните имиња на балканската музичка сцена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени рефрените од сите 20 песни на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што …

error: Содржината е заштитена!