Почетна / Забава / Необичен роденден во МКЦ за деца без и со посебни потреби

Необичен роденден во МКЦ за деца без и со посебни потреби

Во Детскиот креативен центар МКЦ денес ќе биде организирано големо дружење меѓу деца без и со посебни потреби, насловено како „Необичен роденден“. Настанот е поддржан од невладината организација Аутизам ААМК и голем број граѓански активисти.

Средбата има за цел да покаже дека децата иако се различни сепак се многу слични и тие не прават разлика дали некој има или нема аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа или дали некое дете е во инвалидска количка. Со овој настан започнува проектот на откривање на инклузивни објекти и услужни дејности во Македонија, со кој сите ќе можат подеднакво да учествуваат во социјалниот живот во адекватни услови.

На забавата се поканети сите деца на заедничко дружење и игри. „Необичниот роденден“ ќе трае од 12 до 14 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ексклузив“ открива како Тино се додворува на девојки

Најпознатиот естраден магазин на 1 ТВ направи кратко интервју со комичарот Валентин Костадиновски – Тино. …