Почетна / Серии / Теленовели / ЕКСКЛУЗИВНО – мега хитот „Карасевда“ продолжува на Сител

ЕКСКЛУЗИВНО – мега хитот „Карасевда“ продолжува на Сител

Она кое го чекавте, она кое го баравте и она кое повторно ќе ве “закова” пред малите екрани. Многу наскоро на Сител телевизија стартува втората и уште подраматична сезона од успешната турска серија “Карасевда”. По неколкумесечна пауза, повторно со вас нежната Нихан, згодниот Кемал, посесивниот Емир и опасната Зејнеп.

Најнаградуваната турска драма се враќа на Сител. За прв пат во историјата на престижните интернационални награди ЕМИ, турска серија е избрана за најдобра теленовела и токму “Карасевда” е таа која триумфираше не само на ЕМИ, туку и на многу други познати и признати манифестации во Турција и Далечниот Исток.

Бескрајна љубов пред која небото заплака и морето се повлече. Љубов на која сите се радуваа, но само едно нешто ги отвори портите на пеколот. Топла и тажна приказна за една црна љубов, приказна за карасевда, незапирлива болка по големата љубов. Приказната за Нихан и Кемал во новите епизоди ќе ги насолзи вашите очи и ќе ја растрепери душата на сите оние кои ќе мечтаат за една таква љубов.

Борбата за среќа продолжува наскоро, ексклузивно на Сител ТВ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …