Почетна / Серии / Психолошката мистериозна драма „Афера“ од вторник на ТВ 24

Психолошката мистериозна драма „Афера“ од вторник на ТВ 24

Познатата американска драмска серија “The affair” од вторник, 16 октомври ексклузивно на телевизија 24. Во 22.30 часот стартува интиргантната и психолошка серија на Шоутајм.

„Афера“ ги истражува емоционалните ефекти на вонбрачната врска помеѓу новинарот Ноа, кој има сопруга и четири деца, и Алисон, млада келнерка која се обидува да ги склопи својот живот и бракот пред една трагедија. Двајцата се запознаваат во едно мало место и тогаш започнува нивната афера, раскажана од две различни гледишта, доживеана од страна на мажот и од страна на девојката.
Оваа генијално снимена емотивна студија за сложените вонбрачни врски тешко може да се спореди со сите серии што сме ги виделе досега. На гледачите најпрво им се раскажува приказната од една перспектива и токму кога гледачите го носат својот суд за прељубникот и за измамената, приказната добива нова перспектива – ситуација видена низ очите на другиот лик.

Серијата Афера (The Affair) е добитник на три награди „Златен глобус“, а во своите редови ги има актерите Доминик Вест, Џошуа Џексон, Мора Тиерни и Рут Вилсон, сите големи и наградувани имиња, со серии како „Нарко-мрежа“, „Лутер“ и „Итна служба“ зад себе. Серијата ја направија веќе искусните сценаристи и продуценти Сара Трим и Хагај Леви кои веќе имаат заедно работено на серијата „Третман“ и чии имиња се синоним за добра серија.
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …