Од недела, 14 октомври на Алфа телевизија започнува најновата сезона на српското реално шоу “Задруга”. Се работи за емисија, слична на познатите “Фарма”, “Дворец” и “Парови” реализирана со висок буџет, а чија втора сезона започна со емитување на Пинк телевизија пред еден месец. Концептот е јасен за гледачите – околу триесетина контроверзни српски јавни личности домуваат во специјално изграден комплекс, каде се под видео надзор на камерите на Пинк 24 часа.
Караници, секс скандали, лукави игри и забава е она што ќе се случува во куќата секојдневно, а што ќе ги заинтригира гледачите на Алфа кои се желни за ваков вид на телевизиска програма. Дел од натпреварувачите се Луна Џогани, Мика и Гиба, Адам Џогани, Јелена Круниќ, Алекса Савиќ, Наташа Москва, Оља Бајрами, Тома Паниќ, Злата Ѓурѓовиќ, Јовица Путниковиќ и ред други риалити ѕвезди кои се познати за српската публика по учества во ваков тип на емисии.
Најгледаното реално шоу на Балканот „Задруга“ ексклузивно на Алфа… 20:30 часот!
Ексклузивно на Алфа: Најголемото реално шоу на Балканот кое го гледаат над 5 милиони луѓе… „Задруга“ од утре само кај нас од 20:45 часот.
Posted by Alfa Televizija on Saturday, 13 October 2018
Вечерва, 20.30 часот на Алфа ТВ започнува “Задруга”, а од утре пресек на денот секоја вечер по 22 часот.
Дани | ТВ Пакет