Почетна / Филм / На 25 април, Телма ќе ги емитува престижните награди Оскар 2021

На 25 април, Телма ќе ги емитува престижните награди Оскар 2021

„Оскари 2021“ ќе биде настан што ќе се емитува во живо од повеќе локации. Ноќта на 25 април наспрема 26-ти и Телма со ексклузивен пренос на црвениот тепих и доделувањето на најголемите филмски награди, овојпат во изменето издание прилагодено на пандемијата.

„Создаваме шоу што нашата глобална публика сака да го види, прилагодувајќи се на барањата на пандемијата, поради што церемонијата ќе се емитува во живо од повеќе локации, вклучително и од обележјето Долби театарот во Холивуд“, вели портпаролот на манифестацијата.

Во нормални услови, стотици врвни светски филмски sвезди би се собрале во театарот со 3.400 седишта за шоу во живо, на кое му претходеше црвен тепих преполн со фотографи, репортери и сниматели.

Презентери на наградите за оваа година се Angela Bassett, Halle Berry, Bong Joon Ho, Don Cheadle, Bryan Cranston, Laura Dern, Harrison Ford, Regina King, Marlee Matlin, Rita Moreno, Joaquin Phoenix, Brad Pitt, Reese Witherspoon, Renée Zellweger и Zendaya.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зад стоговите сено“ – филм за грчко-македонската културна соработка

Изнаоѓање на една заедничка нишка и зближување на народи кои живеат на различни територии, како …

error: Содржината е заштитена!