Почетна / Живот / Беар Грилс на Дискавери ќе ги носи светските ѕвезди во дивината

Беар Грилс на Дискавери ќе ги носи светските ѕвезди во дивината

 

Oд 27 март, па секој следен понеделник во 20 часот на Дискавери

 

Славните се навикнати на луксузен стил на живот и хотели со 5 ѕвезди, но кога се со авантуристот Беар Грилс никој нема да ги гали и пази! Третата сезона на серијалот „Дивите авантури на славните со Беар Грилс“ се прикажува од понеделник, 27 март во 20 часот на Дискавери каналот. Серијалот е исполнет со акција и изненадувања бидејќи Беар Грилс и овој пат ги тестира границите на издржливост на славните во немилосрдни средини.

 

 

Експертот за преживување, во новата сезона ќе ги придружува пејачот и актер Ник Џонас, актерката и кореограф Џулијан Хју, НБА ѕвездата Шекил О’Нил, актерката Кортни Кокс, Мел Би од Спајс грл, актерката Ванеса Хаџенс, славната скијачка Линдзи Вон и други.

Сите овие светски познати глумци, музичари и спортисти ќе мора да издржат немилосрдни услови во дивината на 48 часовна авантура на претходно избрани локации.

 

 

Беар меѓу другото ќе се погрижи секоја ѕвезда да се соочи со своите најдлабоки стравови и да ги предизвика на разни предизвици како борби со диви животни, скокови со падобран или пак спуштање со јаже. Ќе ги натера нивниот ум и тело да го донесат до крајни граници за успешно да ги завршат своите авантури по немилосрдните терени. Оваа сезона ги води на сосема различни локации од претходните сезони како африканската савана или опасните карпи на Корзика.

 

 

Во првата епизода, Беар Грилс го води Ник Џонас во планините на Сиера Невада, каде ниските температури и силниот ветер не се единствените препреки со кои треба да се соочат. Ник одлучи да ги совлада сите тешки предизвици кои Беар му ги поставува и да не дозволи  неговата дијагноза (дијабетес) да го спречи во намерата. До нивната точка на извлекување, Ник и Беар ќе поминат преку снежна планина, избегнувајќи лавини, а ќе мораат да пројдат и преку ледена вода.

 

 

Во останатите епизоди, Џулијан Хју ја води на емоционално патување низ саваните во Јужна Африка, Кортни Кокс, ѕвездата на „Пријатели“ ќе се соочи со најголемиот животен предизвик во Ирска, Шек ќе се бори со планината Адриодак , а Линдзи Вон ќе се соочи со морските карпи на Корзика. Во останатите епизоди, Мел Би ќе заплива на место полно со ајкули, Ванеса Хаџенс ќе ги посети погубните планини на Сиера Невада, а Маршон Линч ги става своите вештини на тест на дводневната екскурзија на Корзика.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема роденденска забава со награди во ЗОО Скопје

Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје” го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на …