Почетна / Серии / За љубителите на крими истрагата, реприза на домашната „Алфа акција“

За љубителите на крими истрагата, реприза на домашната „Алфа акција“

 

По српските емисии, македонска продукција секоја вечер на Алфа

 

Играно документарната серија “Алфа акција”, неколкупати емитувана на фреквенцијата на Алфа, повторно на Алфа ТВ. Сите љубители на криминалистиката ќе може да уживаат повторно во овој интересен приказ на реконструкции и акции, и тоа секоја вечер во 21.50 часот.

 

Во тесна соработка со единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, како и со останатите соодветни организациони единици на МВР, во серијата се реконстрираат акции на оваа единица кои се завршени и кои имаат судска разрешница. Серијата има за цел да ја приближи работата на специјалната единица „Алфа“ и Министерството за внатрешни работи, како и да ја прикаже нивната работа во сета нејзина динамика и специфичност на единица.
Сценариото е на Зоран Бојаровски, а режијата на Иван Чунихин.

 Дани  |ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!