Почетна / Живот / На 15 јуни ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба” ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик – модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето – стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници…. Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

error: Содржината е заштитена!