Почетна / МК Сцена / Младиот Божидар со спот за автобиографската песна „Свој“

Младиот Божидар со спот за автобиографската песна „Свој“

Божидар Николовски со својата втора авторска песна “Свој”. Комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот е Мими Марковски, но и самиот Николовски учествувал во креирање на текстот. Првичната идеја да се направи автобиографска песна била на самиот Божидар, кој токму со “Свој” сакал публиката подобро да се запознае со него, но исто така и да даде поддршка, утеха и мотивација на сите оние кои започнуваат со своја кариера без разлика во која сфера е тоа. Спотот е сниман во Скопје и Охрид, а зад видео продукцијата се потпишува Дејан Трајчевски.

Навистина сум среќен и горд на целиот овај проект кој што наиде на навистина одлични реакции. Секојдневно од сите страни добивам огромна поддршка, и позитивни коментари и за мене што е до некаде најбитно е тоа дека сите кои што ја слушаат песната ја сфаќаат пораката од самата песна, но и се пронаоѓаат во истата. Навистина сум среќен поради тоа! Се надевам дека и на читателите на ТвПакет ќе им се допадне – изјавува Николовски. Во продолжение погледнете го видео записот :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!