Почетна / Филм / „Мак. крвава свадба“ на 23-ти и „Деца на сонцето“ на 24-ти мај на Алфа

„Мак. крвава свадба“ на 23-ти и „Деца на сонцето“ на 24-ти мај на Алфа

Сабота (23 мај), во стандардниот термин за македонски филм на Алфа, ќе се прикаже култната историска драма “Македонска крвава свадба”. Филмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем.

Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и локалниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, а во режија на Трајче Попов.

Во истиот термин од 20.10 часот во недела на големиот државен празник на македонските просветители Кирил и Методиј, следува современа драма во македонска продукција.

“Деца на сонцето” е приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенција, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела – двајца млади љубовници. Одеднаш среќата му се насмевнува на семејството…

Во главните улоги настапуваат: Ивана Павлаковиќ, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Билјана Танески, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Милица Стојанова итн. Директор на фотографијата е Јарек Шода, а продуцент е Дејан Милошевски.

Македонската премиера на филмот се одржала на 18 септември 2014 година во Битола, на последната вечер на Меѓународниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Светската премиера на филмот се одржала на 25 септември 2014 година, на меѓународниот фестивал „Реинденс“ во Лондон, каде што филмот се натпреварувал во официјалната конкуренција.

Во декември 2014 година, филмот бил прикажан на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пладневна воена драма „А, зорите тука се тивки“ за викенди на Сител

На 23 и 30 мај на пладне, Сител ќе емитува воена филмска приказна, снимена во …

error: Содржината е заштитена!