Почетна / Телевизија / Поддршка за вработените, но каква ќе биде судбината на Алфа?

Поддршка за вработените, но каква ќе биде судбината на Алфа?

До менаџерот на ТВ Алфа, Јане Бојаџи и до акционерите на ТРД Алфа ТВ, на 11 август било испратено писмо со предупредување дека од 16 август снимателите веќе нема да одат на терен, а дека информативните содржини ќе бидат скратени на десет минути.

Предупредувањето денес се оствари. Осамна известувањето на екранот на телевизијата.

Причината за ова, како што се наведува во писмото потпишано од „Вработените во Алфа ТВ“, е заостанување на две плати, здравствено осигурување и хонорари за три месеци, што „создаде револт кај вработените“, пренесоа повеќе македонски медиуми.

Каква ќе биде судбината на Алфа? ТВ Пакет со комплетна поддршка на медиумските работници, вработени во Алфа кои вредно и заслужено ги побаруваат своите права и договорни обврски. Искрено се надеваме дека ситуацијата со телевизијата набрзо ќе биде надмината.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

error: Содржината е заштитена!