Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | „Ѕвездите на Гранд“ продолжи со снимање на нови емисии

Видео | „Ѕвездите на Гранд“ продолжи со снимање на нови емисии

Од вечерва (23 мај) во 20.15 часот, Канал 5 телевизија продолжува со емитување на новите емисии од српското шоу “Ѕвездите на Гранд”. Истовремено, секоја сабота, Ѕвезде Гранда ќе се емитува и во другите земји во регионот.

Првата емисија која ќе се прикаже вечерва е веќе снимена во март и се одвива по утврден концепт на шоуто, но веќе од следната сабота, емисиите ќе се реализираат по строго утврдени протоколи на однесување во пандемија на сите учесници во студиото.

Судиите ќе бидат одделени меѓусебно, а во овој круг ќе се натпреваруваат само српски кандидати. Македонските натпреварувачи продолжуваат од септември.

Новите емисии ќе траат до крајот на јуни, но поради ситуацијата со светската пандемија, сезоната на шоуто не завршува тогаш. Во текот на летото ќе има плус аудиции на продукцијата на Гранд (кои ќе се одржат онлајн), за од септември новите кандидати да се приклучат на веќе избраните од оваа година и сите заедно да го продолжат патот кон славата цела следна сезона.

Најава „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“

Во сабота во 20:15 часот бидете на Канал 5

Gepostet von Канал 5 Телевизија am Mittwoch, 20. Mai 2020

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | И „Никогаш не е доцна“ со нови емисии се враќа на Канал 5

Од вечерва (24 мај) во 20.10 часот, Канал 5 телевизија продолжува со емитување на новите …

error: Содржината е заштитена!