Почетна / Живот / Македонци, да се обединиме СЕГА сите ЗАЕДНО – #НосамМаска !

Македонци, да се обединиме СЕГА сите ЗАЕДНО – #НосамМаска !

Владата на Македонија и Министерството за здравство започнаа кампања за носење маски со цел поддршка на Законот за заштита од заразни болести и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот (КОВИД-19).

Кампањата која го носи слоганот #НосамМаска, е поддржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери, членови и поддржувачи. Целта е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот.

Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата.

#НосиМаска е одговорност која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.

Oд таа причина, ТВ ПАКЕТ се приклучува на кампањата со која сите заедно, свесно и одговорно ќе придонесеме за конечна победа над најголемиот непријател на денешницата.

Почитувани читатели, време е за заедништво. Време е за одговорност и победа! НОСЕТЕ МАСКИ, секаде и секогаш!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

36 посто од е-купувачите купуваат онлајн поради Ковид пандемијата

На првиот ден од годишната конференција за е-трговија која годинава се одржува по трет пат …

error: Содржината е заштитена!