Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Алфа со социјална емисија – Македонија на дланка, онаква каква што е

Алфа со социјална емисија – Македонија на дланка, онаква каква што е

На програмата на телевизија Алфа започна да се емитува емисијата “Срце на дланка” во која екипата секоја недела ќе оди во посета на едно или две семејства кои се на работ на егзистенција, многудетни семејства кои освен сув леб и вода, одамна не пробале ништо друго, но, ќе посетува и семејства кои немаат покрив над главата. Секое семејство ќе ја раскаже својата судбина и како стигнало до состојба на неможност да заработи за основни потреби.

Емисијата има хуманитарно-социјален карактер чија цел е да предизвика емпатија кај поединци и фирми за да се подигне општествената свест и да се посочи кон оние луѓе кои не по своја вина се соочуваат со егзистенцијални проблеми.

Оттука и повикот доколку познавате вакво семејство да го пријавите на бројот 075/304-405 или на социјалните мрежи фејсбук, инстаграм и твитер на емисијата “Срце на дланка”.

Тимот на емисијата смета дека со посочување на ваквите семејства ќе се поттикне интерес кај сите кои можат и сакаат да помогнат на овие луѓе, донирајќи им секој според своите можности и желби.

Емисијата “Срце на дланка” ќе се емитува еднаш седмично, во сабота во 18:10 часот на Алфа ТВ.

  • Македонскиот Spotlight! Социјална драма, приказни што никого нема да остават рамнодушни. Алфа ја прифаќа својата општествена одговорност на национален медиум кој му служи на народот. Светлото е запалено! И нема да го угаснеме се додека вие верувате во нас. Ова е нашата Македонија на дланка, онаква каква што навистина е – oбјавија од менаџментот на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„20 секунди“, квиз на знаење секоја сабота и недела на МРТ 1

Секоја сабота и недела во 20.15 часот на МРТ 1 ќе се емитува новиот квиз …

error: Содржината е заштитена!