Почетна / Сапуници / Се сеќавате ли на теленовелата „Перегрина“, девојката од циркузот?

Се сеќавате ли на теленовелата „Перегрина“, девојката од циркузот?

“Перегрина” е мексиканска теленовела, снимена во 2006 година во 100 епизоди од мексиканската Телевиса, а кај нас се прикажуваше на Сител телевизија. Серијата е римејк на повеќе серии, од кои најпозната е најпопуларната Касандра (од 1992 година од РЦТВ Венецуела со Кораима Торес и Освалдо Риос).

Серијава не достигна успех како претходните нејзини верзии, особено како Касандра. Во продолжение прочитајте ја содржината на “Перегрина”, која е буквално идентична на онаа на “Касандра”.

Кратка содржина:
Голем облак на вистинска трагедија се надвиснува над семејството на милионерот Елисео. Неговата сакана ќерка единица е болна од неизлечива болест. Во последните години на својот живот Марсела се мажи и раѓа прекрасно мало девојче. Умира на породувавањето, а по неколку денови, во несреќа умира и нејзиниот маж.

Елисеовата втора сопруга, амбициозната и доминантна Викторија е вдовица со два сина од првиот брак, близнаците Родолфо и Анибал. Доња Викторија во новороденото девојче гледа опасност кон наследството кое сака да им припадне само на нејзините синови.

Викторија смета дека среќата е на нејзина страна кога во градот ќе пристигне циркус и откако ќе дознае дека умрела внуката на гатачката Сабина, Викторија заедно со својот слуга решава да ги замени децата и малата богата наследничка да ја однесе во циркусот. Така го убедува својот сопруг Елисео дека неговата внука е всушност мртва.

Девојчето расте во прекрасна и убава циркуска танчерка и акробатка Перегрина, идентична на нејзината мајка, која сега талка низ светот заедно со своите пријатели од циркусот и нејзината баба Сабина. По 18 години, циркузот се враќа во градот и сега тоа претставува повторна опасност за Викторија.

Родолфо и Перегрина се вљубуваат, но набрзо потоа Родолфо мора да замине од градот а Перегрина е свршена за Иван од циркузот. Во потрага по Родолфо, Перегрина доаѓа во куќата на нејзиниот вистински дедо и постепено сите ја откриваат страшната тајна за вистинското потекло на Перегрина.

Девојката од циркузот е богатата наследничка на дон Елисео, но злобната маќеа ќе направи сè што може за да ја тргне Перегрина од патот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Емир и Рејхан од серијата „Ветување“ и приватно во врска

Озге Јениз (27) и Ѓокберг Демирчи (31) се главните протагонисти на турската сапуница “Ветување”, која …

error: Содржината е заштитена!