Почетна / Телевизија / Луна Џогани е победничка во „Задруга“ и освои 50.000 евра

Луна Џогани е победничка во „Задруга“ и освои 50.000 евра

Со трубачи, музика, скутери, пресврти и солзи заврши најскандалозното шоу на Балканот. Неверојатни 9 часа, гледачите во регионот се опростуваа од финалистите. Победичка на втората сезона е Луна Џогани!

Во 5 часот наутро прогласен е победникот на втората сезона од реалното шоу “Задруга”. Ќерката на Анабела и Гаги заминува од белиот дворец со неверојатни 50 000 евра. Второто место го освои нејзиниот дечко од задругата, Марко кој си замина дома со Школа автомобил, а третото место ѝ припадна на контроверзната старлета Станија.

  • Сакам овој пат да се заблагодарам на сите кои две години беа со мене, и во миговите кога грешев, и во миговите кога страдав, плачев, но и се радував. Вие сте љубов за мене. Немам зборови кои сега би ги кажала. Мислам дека сум најсреќната девојка на светот. Фала на сите луѓе кои ме донесоа до тука – изјави Луна Џогани по победата.

10 месеци гледачите на Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина живееа со станарите на ова маратонско шоу. Десет месец кавги, смеа, солзи, но и многу скокотливи и провокативни сцени. И сега, по десет месеци се изгаснаа камерите на шоуто, имотот на Пинк остана празен, а Дрвото на мудроста со емотивни пораки се опрости од гледачите и станарите.

Неморално, контроверзно и скандалозно, сепак шоуто “Задруга” останува едно од најкоментираните на овие простори. Третата сезона од “Задруга” започнува веќе од септември.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шеф Никола од „Брза кујна“ со весела свадбена журка

35-годишниот шеф Никола од кулинарското гејм шоу „Брза кујна“ изминатиов викенд направи журка за неговата …