Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Разиграјте ја душата со народните песни во „Мерак меана“ на Сител

Разиграјте ја душата со народните песни во „Мерак меана“ на Сител

Нови емисии од новата 5. сезона на нашата и ваша омилена “Мерак Меана”. Нови мераклиски дружби за распеани и разиграни викенди, дружба што трае и не запира. За наздравување, за радост, мераклиите повторно со вас. Мераклиска магија која ги распејува срцата.

Ајде да се веселиме, да пееме, љубов да сееме, радост да жнееме, да ги избркаме лошите расположенија и да го живееме секој ден со убавини. Веселите македонски пејачки имиња и овојпат се подготвени со свежи песни, насмевки и веселба само за да го подобрат вашето расположение и да ви го разубават викендот.

Ајде мераклии, само весело во сабота и недела од 16:30 часот на Сител во меаната која повторно ечи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лозано мораше да бира – Тамара Тодевска или Антониа Гиговска?

Доколку нема нешто ново во неговата музичка кариера, поп – пејачот Влатко Лозаноски не гледа …

error: Содржината е заштитена!