Почетна / Серии / Анализа на „Чернобил“ – најуспешната мини серија на деценијата

Анализа на „Чернобил“ – најуспешната мини серија на деценијата

Дејствието во серијата Чернобил (Chernobyl) се одвива околу вистинската приказна за една од најлошите несреќи кои ги предизвикал човекот т.е експлозија на реактор во нуклеарната електрана Чернобил. Несреќата се случила на 26 април 1986 година.

Серијата започнува со цитати од мемоарите од аудио касетите на Валери Леграсов кој на 27 април 1988 година ја храни својата мачка, го фрла ѓубрето и се беси. Човекот кој беше на чело на целиот процес околу случувањата во Чернобил и еден од највлијателните советски научници. Прогласен е за најхрабар човек кој работел на нуклеарната катастрофа.

Уште од првата епизода се наоѓаме во ситуација како и сите луѓе кои работат во нуклеарната електрана. Нема никаков вовед во однос на работата на електраната, што се подготвува и слично, туку наеднаш само се слуша експлозијата. Се забележува пожар, но ништо не наговестува дека тоа може да влијае на цела Европа. Како полека се движи дејствието, така стануваме свесни за тоа што го гледаме, а со секоја нова сцена и информација, ние сме се повеќе воведени во случувањата.

За време на паниката во електраната го следиме и надзорникот Анатолиј Дијатлов кој негира дека експлодирало јадрото. Главниот човек во Чернобил тврди дека компјутерот не ги покажува вистинските резултати. Иако гледа дека воздухот е вжештен, ги гледа колегите како плукаат крв, но и како пепелата се шири низ градот… тој сепак е сигурен дека не е возможно јадрото да експлодира и дека нивната руска технологија им покажува грешен резултат. Или поинаку кажано, не сака да го види тоа што очите го забележуваат.

Низ серијата ги следиме храбрите луѓе кои се жртвувале со цел да ја спречат неизмерната катастрофа, ги следиме научниците кои истражуваат како и зошто дошло до таа катастрофа, што превземеа КГБ во одност на тоа и зошто Сојузот сака да  го заташка ова прашање.
Жителите на околните места воглавно не ни знат што точно се случува, бидејќи сѐ изгледа нормално, како да е еден обичен ден, но потоа наеднаш доаѓа наредба да напуштат се што имаат. Оваа несреќа дирекнто влијаела на над десетина илјади луѓе. А што се однесува во однос на вработените, тие давале се од себе за да се справат со ситуацијата, несвесно колку тоа ќе влијае на нив.

НВО ништо нема препуштено на случајности. Серијата се снимала повеќе од четири месеци во Игналин, угасената нуклеарна централа во Висагинасу (Литванија),  на локации низ Украина каде што сѐ уште има автентична советска атмосфера. Визуелно се следи совршено самата приказна. Како моменти кои треба да се споменат се сцените меѓу кои: кога доаѓа министерот на рударство и има средба со рударите, или пак таа кога се покажува како децата одат на училиште и одеднаш птица паѓа од небото.

Со еден збор совршено споени елементи кои буквално целосно нѐ внесуваат во една средина и нѐ направија да се чувствуваме како да живееме со тие ликови заедно. Сценариото нема наратив во класична смисла, повеќе преставува еден вид на длабока анализа за сѐ тоа што се случило после катастрофата.

Повеќе за серијата и нејзин осврт, прочитајте на Филмска анализа.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мет ЛеБланк со комедијата „Епизоди“ ова лето репризно на Телма

Уште една реприза ова лето на Телма. “Епизоди” e хумористична серија во 41 продолжение која …