Почетна / Телевизија / Лила, Сергеј, Ферус, Лепа Лукиќ… луд новогодишен дочек на 1 ТВ

Лила, Сергеј, Ферус, Лепа Лукиќ… луд новогодишен дочек на 1 ТВ

Најозборуваната телевизија 1 ТВ со весел и интересен дочек на Новата година. Гледачите кои ќе останат покрај малите екрани за најлудата ноќ во годината, ќе може да се забавуваат и со програмата на 1 ТВ во која многу познати јавни личности ќе запеат и ќе заиграат со почеток од 21.00 часот, веднаш по централниот новогодишен Дневник.

Па така, во новогодишната програма на 1 ТВ ќе ги видиме фолкерите Блага Петреска, Виолета Томовска, Миле Кузмановски и Благоја Груевски, поп пејачите Владо Јаневски, Елена Петреска, Јоце Панов и Александар Тарабунов, водителката Лила и српската дама Лепа Лукиќ. Покрај нив, ќе запеат и Сергеј Варошлија, Драган Вучиќ, Зоки Фаци, Драган Вучиќ, Анета Кочишки и водителите на “Ексклузив”, a атмосферата ќе се вжешти кога на сцена ќе излезат и Жаре Бербер, трубачите и Ферус Мустафов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …