Почетна / Филм / Филмска ноќ наместо новогодишна прослава на Телма

Филмска ноќ наместо новогодишна прослава на Телма

Наместо македонски фолк и српски турбо фолк, Телма телевизија како и секоја година ќе понуди нешто поразлично за пречекот на новата година. Филмска ноќ од 19 часот па до раните утрински часови.

Во 19.15 часот ќе се емитува романтичната комедија “Музика и стихови” од 2007 година со Хју Грант и Дру Баримор во главните улоги. Алекс е поранешна поп ѕвезда која бара начин да ја врати својата слава. Решението му е „пред носот“ и се вика Софи но само ако и двајцата се соочат со своите стари стравови…

По филмот, следува претпоследната епизода од втората сезона на полицискиот процедурал “Смртоносно оружје” (Lethal weapon), а по серијата во 22 часот ќе се емитува петтото продолжение на “Невозможна мисија”.

Откако ЦИА ја згасна својата елитна организација, агентот Итан Хант и неговиот тим се во трка со времето за да ја сопрат новата глобална закана„Синдикатот“- опасна мрежа на корумпирани предавници. И овојпат, Том Круз во издание исполнето со акција, акробации, возбуда и уште една невозможна мисија.

Веднаш по полноќ, ќе се емитува епската историска фантазија “300 – Подемот на империјата”. За да го победите вечниот непријател морате да бидете најмоќни, најмудри и да ставите на коцка се бидејќи битката за слава продолжува во новото поглавје на епската сага.

По победата над 300-ните на Леонидас, Персиската армија на чело со Ксерксес напредува кон главните Грчки градови-држави. Прва на удар е демократската Атина, чија воена сила е базирана на моќната флота предводена од адмирал Темистоклес. Навјасани од ударот на персијците, Атињаните се принудени да влезат во неприродна и неволна коалиција со најголемите регионални опоненти, Спартанците, кои пак имаат супериорни пешадиски трупи. Сепак Ксерксес и неговата персиска армија остануваат надмоќни во поглед на бројноста на армијата…

И за крај на филмската ноќ, во 2 часот по полноќ на Телма ќе се прикажува романтичната комедија “Неуспешен обид” од 2006 година со Метју МекКонахи и Сара Џесика Паркер, ѕвездата од “Сексот и градот”.

Филмот зборува за Трип, кој има 35 години и сеуште живее со неговите, има голема соба, храна и мамичка која ги пере алиштата. Ќе биде ли убавицата Паула жената која ќе ги смени неговите навики успешно? Дознаваме за крај на новогодишната филмска ноќ на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринско кино на ТВ 24 – детски авантури, европски саги и светски класици

Возбудливи детски авантури, љубовни романси, европски филмови и светски црно-бели класици ќе гледате во утринското …