Почетна / Сапуници / Грчката серија “Бруско” продолжува со нови епизоди на Сител

Грчката серија “Бруско” продолжува со нови епизоди на Сител

Повторно со вас – серијата од земјата на Боговите и егзотичните острови. Повторно со вас – приказната за љубовта и виното, приказната која ве освои и која допрва ќе ве заслепи.

Синилото на морето ќе ги раздвојува вашите познати херои, но опојниот мирис на виното и понатаму ќе ги спојува.

Една од најдобрите балкански продукции која стекна голема гледаност во Перу и Чиле, продолжува со нови интригантни епизоди, наскоро на Сител телевизија.

Љубовта меѓу Мелина и Ахил ќе донесе лавина нови проблеми затоа што тие се несвесни за фаталните последици кои може да ги донесе таа забранета врска.

Љубовта станува заробена од традицијата, а желбата за слобода ќе ги води на патот до среќата. Ахил е женет, Мелина е мажена. Ќе може ли да се изборат за своите страсти и покрај тајните од минатото, и покрај брачните обврски?

Нови авантури на Дафни и Константина. Нови злобни планови на Маркос, Антонис и Евридики. Нови продолженија од грчката хит серија “Бруско” доаѓаат на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!