Почетна / Живот / Крводарителска акција по 17. пат во спомен на роденденот на Тоше

Крводарителска акција по 17. пат во спомен на роденденот на Тоше

Oрганизцитте на Црвениот крст на Град Скопје и на Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), оваа година, по седумнаесети пат, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.

Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот на Домот на АРМ во периодот од 9 до 17 часот.

Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв, посочуваат организаторите.

При спроведување на акцијата, Црвниот крст и ИТМ ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.

Македонската и регионална поп-икона Тоше Проески животот го загуби на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Замина прерано на 26-годишна возраст, на врвот од неговата музичка слава.

Покрај по ангелсиот глас беше познат и по неговата хуманост и подготвеност да помогне. Неговиот последен концерт и еден во низата хуманитарни концерти го одржа на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје, а беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

„Игри без граници”, беше последниот албум на Тоше, а постхумно на 25 јануари 2009 година, на денот на неговиот роденден официјално излезе и албумот The Hardest Thing.

Издавачката куќа Hit records која за хрватскиот пазар го објави овој албум и уште неколку други албуми на Тоше, соопшти дека „Igra bez granica” во Хрватска достигна платинест тираж, со продадени 50.000 копии.

Тоше Проески на 25 јануари ќе го славеше својот 40. роденден. Прерано нѐ напушти на само 26 години, но зад себе остави богата ризница во која кога и денес ќе погледнеме, сфаќаме колку бил талентиран. Голем човек и хуманист, е само мал дел од сето она што беше Тоше, а нема човек во регионот кој за него немаше зборови за пофалба, велат од загребската издавачка куќа.

Во чест на Тоше вчера во Загреб, ден пред неговиот 40-ти роденден, се одржа молитва.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избрани 18 поети за „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“

Здружението за култура и заеднички вредности од Гостивар „КРИК 094“ избра 18 поети кои со …

error: Содржината е заштитена!