Почетна / Филм / „Кинотечен месечник“ од 1977 до 1987 година објавен во дигитална верзија

„Кинотечен месечник“ од 1977 до 1987 година објавен во дигитална верзија

На сајтот „www.kinoteka.mk“ деновиве се објавени дигитални верзии на изданијата „Кинотечен месечник“, кои излегуваа од 1977 до 1987 година. Овие „Кинотечните месечници“ се еден вид претходници на кинотечните изданија од кои понатаму се издвојуваат месечните кинотечни филмски програми и „Kинопис“ – списанието за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности. Потребата за издавање на „Кинотечните месечници“ се појавила како потреба за вреднување и анализирање на филмското творештво.

Иако реализирани во скромни издавачки услови и печатени на шапирограф, од Кинотеката појаснуваат дека овие историски четива некогаш „втиснати в хартија“, сега се преформатирани во дигитализирани изданија.

Содржината на месечниците ја сочинуваа неколку рубрики поврзани со историјата на филмот и киноприкажувањето, теоријата и естетиката на филмот, но и преводи на текстови, рецензии за кинотечни филмски циклуси, интервјуа, излагања од симпозиуми, фестивали и одбележани јубилеи, а подолго време преку рубриката Кинотечен информатор, со јавноста беа споделувани актуелни информации од работата на Кинотеката.


– “Познавајќи ги авторите и квалитетот на текстовите во „Кинотечните месечници“ од тој период, можеме да кажеме дека се работи за своевидна македонска верзија на списанието за филм на француски јазик „Cahiers du Cinéma“ („Филмски тетратки“), кое започнало да излегува од печат во 1951 година во Париз, а еден од основачите е Андре Базен (André Bazin), филмски критичар и теоретичар со светско реноме. Историјата на францускиот, европскиот, но и светскиот филм вели дека „Cahiers du Cinéma“ имал превратничко влијание и е директен ментор на „новиот бран“ во кинематографијата“, се наведува во соопштението на Кинотеката.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!