Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Кристина Арнаудова на Телма со ТВ проект од хуманитарен карактер

Кристина Арнаудова на Телма со ТВ проект од хуманитарен карактер

Заедно можеме да направиме големи нешта, само ако сакаме. Tоа го докажа и Кристина Арнаудова која ќе застане како автор, водител и продуцент на новата телевизиска емисија “Проект куќа”.

Се работи за проект од хуманитарен карактер во кој тимот на Арнаудова ќе работи на подобрување на квалитетот на живеење на многу домови на семејства од социјално загрозени категории, а со тоа и на создавање на можности и образование и едукација за децата и младите со помалку можности.

Оваа емисија ќе донесе среќа кај децата и сите луѓе кои се соочуваат со социјални проблеми, давајќи им избор, можност да успеат и да ги искористат своите потенцијали и квалитети.

Oваа емисија е правена по теркот на “Extreme Makeover: Home Edition”, чија српска верзија “Radna akcija” имавме можност да ја следиме и во Македонија.

Како Кристина и нејзиниот тим ќе ги реконструираат домовите на многу семејства, гледаме секоја недела на Телма од 20 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Топ тема“ се враќа на Телма со нова сезона 2021/2022

Од понеделник (27 септември) на телевизија Телма започнува новата сезона од познатата политичко дебатна емисија …

error: Содржината е заштитена!