Почетна / Серии / По барање на гледачите, „Црвениот поет“ репризно на Телма

По барање на гледачите, „Црвениот поет“ репризно на Телма

Црвениот поет, телевизиска серија за животот и делото на Коста Рацин, еден од великаните на македонската поезија од дваесеттиот век, еден од најреволуционерните патриоти и еден од најромантичните уметници што ги дала Македонија.

По барање на гледачите, Телма телевизија со репризно емитување, од понеделник до петок во 17.55 часот, започнувајќи од 24 јануари (среда).

Коста Солев Рацин, извонредно талентиран млад поет кој се осмелува да пишува и објавува своја поезија на македонски јазик и покрај строгите забрани во времето по Првата светска војна. Згора на тоа, прогласен комунист, уште една активност која тогаш е забранета од властите, што му носи дополнителни тешкотии. Приказната прикажува извонредна борба и херојски настани низ Втората светска војна. Сето тоа ќе има страшни последици за него и неговата поезија.

Серијата е во режија на Никола Поповски, сценарио на Сашко Насев, а е снимена во 2016 година. Нејзината контроверзност минативе години се должеше поради фактот што ја прикажува Бугарија како фашистичка држава во време на втората светска војна, што според владејачките партии беше против договорот на добро пријателство.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историската трилер серија „Вашингтонски шпиони“ на Телма во 22:15 часот

Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за …

error: Содржината е заштитена!