Почетна / Телевизија / Со „I put a spell on you“, Мина помина во шестиот круг на „Ѕвездичките“

Со „I put a spell on you“, Мина помина во шестиот круг на „Ѕвездичките“

 

Скопјанката со директен пласман во следниот круг од шоуто

 

Мина Блажев, 13 години, Скопје – име за кое допрва ќе се пишува и со која допрва ќе се гордееме. Нејзиниот почеток е тука, “Ѕвездичките на Пинк” каде со секој следен круг од натпреварувањето е чекор понапред на патот кон славата, ѕвездите и кариерата.

 

 

Во петтиот круг од музичкото шоу, нашата Мина ја затвори маестрално вечерта со интерпретацијата на “I put a spell on you”, која во оригинал ја изведува Jay Hawkins, а сега ја отпеа верзијата од Нина Симоне.

– Беше фнеоменално, од почеток до крај. Фразите ти беа на место и твоето однесување на сцена е одлично. Секоја чест, се гледаме во следниот круг – искоментира Сале Тропико од стручното жири. На него се надоврза Леонтина која и даде совет на Македонката да повнимава на чудното вибрато кое излегува на некои тонови. Но, советите се добредојдени – нашата Мина допрва ќе се изгради во вистински пејач.

 

 

На Томашевиќ и се допадна бојата на гласот на македонското девојче, а околу динамиката и тоновите мал совет доби и од Гоца Тржан и Сергеј Четковиќ.

Сѐ на сѐ, браво, Мина! Тука сме да ги бодиме сите наши таленти, кои со квалитетна интерпретација не прават горди и среќни. Во продолжение погледнете го нејзиниот настап, со оглед на тоа дека на телевизија ова шоу не се емитува оваа сезона :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!