Почетна / Телевизија / За Алфа, крај на серијата е крај на сезоната?

За Алфа, крај на серијата е крај на сезоната?

По многуте критики од гледачите за програмата на Алфа телевизија, во петокот се случи уште една грешка која не остана незапазена од будното око на нашиот портал. Имено, се работи за серијата “Сестри” чија последна епизода се емитуваше вчера на Алфа, но наместо на крајот на епизодата да стои “крај на серијата”, Алфа напишаа “крај на првата сезона”. Што им значеше тоа “крај на првата сезона” навистина не знаеме, кога всушност се работи за крај на серијата која заврши со свадба на главните ликови. 

Слика

Оние гледачи кои ја следеа серијата се збунети и се прашуваат дали ќе има втора сезона кога целиот расплет е разрешен. Затоа ве информираме дека од серијата ниту е снимена втора сезона, ниту е планирано да се снима затоа што серијата е завршена во 2006 година и со снимање и со прикажување во Турција. Алфа телевизија поради грешка или немарност, ги збуни гледачите со нешто за кое нема простор за дебата. Ваква бесмислена грешка досега не се има случено со ниедна серија.
Освен за ова, гледачите реагираат и за српските емисии за кои не се знае редоследот на емитување на епизодите. И од серијата “Фолк” останаа неприкажани 5 епизоди а поради која причина е укината, не ни е јасно.

Слика

Една од новините на Алфа се и бокс мечовите кои ќе бидат емитувани од оваа па во следните неколку викенди. Во меч од супер средна категорија непоразениот Џермел Чарло се соочува со Чарли Белами Ота, а во главната борба на вечерта актуелниот шампипон во полутешка категорија во WBC верзијата, Адонис Стивенсон за противник го има Полјакот, Анжеј Фонфара.

 

Даниела П.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!