Почетна / Сапуници / Видео | Слушнете го суровиот Јаман од „Аманет“ како пее

Видео | Слушнете го суровиот Јаман од „Аманет“ како пее

Халил Ибрахим Џејхан за кратко време ги освои срцата на публиката која го следи во улогата на Јаман Киримли во сапуницата  „Aманет“, која се емитува во ударните часови на Канал 5 телевизија.

Никого не остави рамнодушен со својот шарм, харизма и професионалност, па не е невообичаено што публиката често го споредува во реалниот живот со неговата улога.

Со оглед на тоа дека во серијата „Аманет“ тој го толкува ликот на многу сериозен човек кој ги покажува своите емоции во ретки ситуации, многумина сакаат да знаат дали е истиот во реалноста и како изгледа неговиот живот кога ќе се исклучат камерите.

На задоволство на својата публика ширум светот, Халил Ибрахим Џејхан ексклузивно за ТВ Пакет открива многу интересни детали кои не сте ги знаеле.

Релативно неодамна почнавте да се занимавате со глума, што ве инспирираше да го направите тоа?

– Актерството отсекогаш ми било приоритет. Беше важно да се учествува во вистинскиот проект во вистинско време. Можам да кажам дека наметливата природа и квалитетот на овој проект е најголемата инспирација.

Колку ви се промени животот по улогата во серијата „Аманет“?

– Секако, најважно е да бидеме препознаени. Ова е најпријатниот дел од оваа работа.

Со својата улога никого не оставивте рамнодушен, која е тајната на вашиот успех?

– Многу е важно вистински да го прифатите ликот и да ги живеете сцените. Разбирањето на ликот и концентрирањето на неговиот поглед на животот е најважниот елемент што го рефлектира доживувањето кај публиката. Пронаоѓање и едноставно живеење со ликот што го презентирате.

Колку е тешко да се игра лик како Јаман Киримли?

– Јаман е силен лик кој секогаш сам се бори против животот. Не е лесно да се разбере како ќе реагира на некои настани.

Бидејќи сте одлични во улогата на Јаман Киримли, не е невообичаено публиката да ве споредува со него. Како се чувствувате за тоа?

– Изненадувачки, среќавам многу луѓе кои чувствуваат дека Јаман постои во реалниот живот. Затоа среќавам луѓе на кои мојата насмевка им е чудна. Тоа е пријатна ситуација.

Која е сличноста помеѓу Јаман и тебе?

– И двајцата сакаме никогаш да не се откажуваме без разлика на се. Нашата најголема заедничка точка е тоа што сме многу чувствителни на децата.

Кои негови квалитети би сакале да ги имате?

– Има многу области кои ме интересираат и секогаш сум бил ентузијаст за истражување и примена поврзани со нив. Мислам дека човек кој вложува во себе ќе добие се што сака да има со време и со мудро напредување.

Ситуациите зад камерата се секогаш најинтересни, опишете ни како изгледа?

– Ние сме многу дисциплинирана и забавна екипа. Општо земено, времето минува многу брзо и пријатно. Има забавни моменти  зад сцената од време на време. Често и ги објавуваме по социјалните мрежи.

Која сцена од серијата ќе ви остане засекогаш во сеќавање и зошто?

– Сцената со вадењето на Сехер од гроб имаше големо влијание врз мене, тоа беше една од незаборавните епизоди и за мојата партнерка и за мене.

Кои сцени ви се најтешки?

– Во акционите сцени станувам многу повнимателен и стресен.

Со оглед на тоа што играте многу сериозна улога во серијата и дека речиси никогаш не се смеете, што ве насмевнува во приватниот живот?

– Децата и бебињата се мојата чувствителна точка. Уживам да си играм со нив.

Како изгледа животот кога не сте на снимање? Што правиш во твоето слободно време?

– Вообичаено правам работи кои ми го ослободуваат стресот и останувам со мојот внатрешен свет. Гледањето филмови, читањето книги, документарните филмови се моите омилени активности во слободното време.

Освен актерството и манекенството, успешни сте и во пеењето, вашите песни се многу слушани, дали планирате во иднина да ја воодушевувате публиката со нова музика?

– Зошто да не ако имам можност. Имам толку многу песни што ги напишав и компонирав. Ги споделувам овие песни со други пријатели изведувачи и се чувствувам многу среќен кога слушам други гласови кои ги толкуваат песните. Можам да направам такво изненадување и во однос на текстот и композицијата.

Пандемијата на коронавирус го промени целиот свет, како тоа влијаеше на вас?

– Тажно е, меѓутоа, овој вирус исто така беше чувствителен фактор за зголемување на нашата глобална свест. Тоа е стресно и вознемирувачко време за сите нас, и секако и за мене. Се надеваме дека наскоро само името ќе остане на страниците на историјата кои никогаш повеќе не треба да се повторуваат.

За крај, што сакате да ѝ кажете на вашата публика и на нашите читатели?

– Сакам сите да имаат здрав и среќен живот. Никој никогаш не треба да се откаже од своите соништа и да биде храбар за она со што е задоволен. Не заборавајте да ги запознаете вашите најблиски со нашето семејство. Останете со нас. Многу љубов и почит до сите, и секако гледајте “Аманет” на Канал 5 телевизија секоја вечер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Азра од новата хит серија

Азра е партнер во позната семејна адвокатска канцеларија во Истанбул. Тaa обично се занимава со …

error: Содржината е заштитена!