Почетна / Серии / Погледнете го трејлерот за „Преспав“ и дознајте кога е стартот

Погледнете го трејлерот за „Преспав“ и дознајте кога е стартот

 

Видео | Ќе се омажи ли Јелена за ич да не ги гледа више? А каде дошла Ула, каде запустила?

 

Токму пред Нова Година започнува долгоочекуваната втора сезона од македонскиот ситком “Преспав”. Хит комедијата, како што веќе објавивме, повеќе нема да се емитува на Телма, туку на ТВ 24. 26 декември, вторник е денот за старт на втората сезона. Епизодите ќе се емитуваат секој вторник и среда во 19 часот, а репризните изданија се истата вечер во 22.30 часот и во сабота и недела во 19 часот.

 

 

И пред почетокот на втората сезона, во понеделник на ТВ 24 во “Патот до успехот” во 19 часот гости ќе биодат заслужните за успехот на овој ТВ проект.

Во продолжение погледнете го трејлерот за новата сезона од омилената македонска серија :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …

error: Содржината е заштитена!