Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Само вистина“ продолжува со нови, жестоки политички дебати

„Само вистина“ продолжува со нови, жестоки политички дебати

По празничната пауза, продолжува “Само вистина” со нова сезона на Канал 5. Секој работен ден по вестите на Канал 5 во 18 часот, следуваат нови соочувања на медиумскиот Вембли во најгледаната политичка емисија.

Трите водителки на “Само вистина” ќе ги предизвикаат учесниците на уште пожестока дебата, со цел вистината да биде презентирана пред медиумскиот аудиториум за да народот биде тој што ќе донесе правилна одлука и став.

Уште во првата недела, на жешките столчиња ќе седнат Христијан Мицкоски, Сашо Ордановски, Солза Грчева, Илија Димовски, Љупчо Зиков, Горан Милевски, Борислав Крмов и Зоран Димитровски. Гледачите како и досега, ќе учествуваат со свои коментари, но и предлози за гости во емисијата преку своите ФБ коментари.

Секој петок во рамките на политичките дебати, продолжува и “Само интервју” со Гоце Михајловски. Еден на еден, Михајловски ќе ги седне спроти него најрелевантните политички фактори.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жанко З’ш со познатите фолк ѕвезди во нова меана на ТВ Сонце

Нова телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш. Македонска музика, хумор и забава …

error: Содржината е заштитена!