Почетна / Серии / Теленовели / Фото | Скандалозна свадба во хит серијата „Ќерките на Фазилет“ на Сител

Фото | Скандалозна свадба во хит серијата „Ќерките на Фазилет“ на Сител

Запрепастувачки заплети секојдневно го окупираат Вашето внимание во хит серијата на Сител – “Ќерките на Фазилет”. Конечно… свадба каква што не сте виделе. Гала вечер каква што секоја девојка посакува. Венчаница каква што само хероините од бајките носеле на себе.

Дојде моментот на гламурозната свадба во турската Династија. Дојде моментот на свадбата на богатиот Хазим Егемен со малата Еџе, ќерката на госпоѓа Фазилет. Дали оваа волшебна ноќ ќе го исполни долгосонуваниот сон на Фазилет – да види гламур и богатство пред свои очи, да доживее слава како од филмовите и да стане богата преку мажачката на ќерка си ?

Кој ќе биде изборот на Хазан, сестрата на невестата, за танцот на вечерта? Бунтовниот Синан или студениот Јагиз? И една слатка одмазда ќе ја одбележи таа бурна ноќ во вилата, а за што станува збор, ексклузивно дознајте на Сител во новото возбудливо продолжение на “Ќерките на Фазилет”.

Среда, 1 мај, по весело поминатиот излет и ден на трудот, подгответе се за незапаметена епизода од вашата омилена серија. Бидете гости на големата свадба во вилата на Егеменови и очекувајте уште поголеми скандали какви што не може ни да замислите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прочитајте ја содржината на новата грчка сапуница на Сител

Ексклузивно на Сител доаѓа серија од земјата на Боговите и божествените острови. Очекувајте го наскоро …