Почетна / Филм / Викенд на Сител со акцијата „Kickboxer 4“ и „Carnal inocence“

Викенд на Сител со акцијата „Kickboxer 4“ и „Carnal inocence“

 

Четвртиот дел од успешниот акциски серијал во сабота на Сител

 

Нов филмски викенд на Сител телевизија.

 

 

Во сабота веднаш по семејната играна серија, во 21.20 часот ќе се емитува “Kickboxer 4: The Aggressor”.. Приказната за прочуениот борач Дејвид Слоан продолжува време подоцна. Деновите ги минува во затвор, се’ додека не добие еден чуден услов од страна на власта. Ако сака да биде пуштен од затвор, ќе мора да ги однесе до неосвоивата тврдина на мексиканскиот криминалец Тонг Поа, тврдина која ја чуваат многу стражари, а во која Тонг чува заробени многу девојки.

 

 

Без двоумење, Дејвид го прифаќа предлогот. Решава да се соочи со Тонг, затоа што Тонг е оној кој му ја грабнал сопругата години порано. Ќе успее ли да се избори со противникот и така да си ја загарантира слободата?

Саша Мичел во улогата на Дејвид, е одлична замена на Жан Клод Ван Дам, кој беше ѕвезда на првиот дел од акцијата “Кикбоксер”.

 

 

Во недела, пак, во 21 часот ќе се емитува мистеријата “Семе на злото”. Кога светски познатa виолинистка ќе се врати во својот роден крај, започнуваат мистериите кои никого нема да поштедат. Серискиот убиец демне во градот, а дали виолинистката ќе биде следната жртва?

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд кино на Сител со италијански вестерн, романса и комедија

Во сабота (22 февруари) во пладневниот термин, Сител ќе го емитува италијанскиот вестерн класик “Денес …

error: Содржината е заштитена!