Почетна / Телевизија / Кабловските оператори го одложуваат протестот кон телевизиите

Кабловските оператори го одложуваат протестот кон телевизиите

Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје по големата фама која се крена со конфронтацијата меѓу операторите и националните телевизии, денес излезе со соопштение до граѓаните :

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека дека добивме писмен одговор од министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски дека Владата на РСМ нема донесено Уредба со законска сила за основање на Фонд за подршка на медиуми, и дека доколку одлучи да воведе некаков вид на давачка која би паднала на грбот на граѓаните, , претходно ќе не извести благовремено и ќе побара наше мислење и став по истото.

Оттаму, Ве известуваме дека најавениот протест манифестиран со исклучување на реемитувањето на македонските програмски сервиси (радиодифузери) го одложуваме на неопределено време. За сите понатамошни активности во врска со ова прашање, ќе ја известиме македонската јавност благовремено.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На веб страната на ТВ 24 нема никаква информација за програмата

Доколку сакате да се информирате за програмската шема на телевизија 24 и го посетите нивниот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!