Почетна / МК Сцена / Јордан Митев со нова песна „Да се живи и здрави младоженците“

Јордан Митев со нова песна „Да се живи и здрави младоженците“

Јордан Митев  го преставува новиот музички проект, каде повторно се потпишува како комплетен автор. „Да се живи и здрави младоженците“ е насловот на новата свадбарска песна на Митев, посветена на сите идни младоженци и љубители на македонската народна песна.

  • Инспирацијата за создавање на оваа нова песна е од свадбата на мој близок другар, каде бев кум, минатата недела. Веднаш ја напишав и отпеав, бидејќи премногу верувам во неа. На нашите простори имаме навистина многу квалитетни свадбарски песни и искрено се надевам дека и оваа ќе стане хит и ќевлезе во ризницата на македонската народна музика, вели Јордан.

Свадбата е еден од најубавите моменти во животот на секој човек и секогаш преставува инспирација за добра песна, па се надеваме дека овој нов хит на Јордан ќе биде дел од многу идни веселби, а за истиот наскоро очекувајте и спот кој ќе се снима надвор од границите на нашата земја, како што и претходно беше најавено.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …