Почетна / Сапуници / Вашите омилени зад решетки – во новите ексклузивни епизоди од „Јаболкото“

Вашите омилени зад решетки – во новите ексклузивни епизоди од „Јаболкото“

Македонските гледачи се први не само во регионот, туку и во светот кои имаат единствена шанса да ги следат најновите епизоди од најпопуларната босфорска драма “Забрането јаболко”.

Веднаш по емитувањето во Турција, Канал 5 телевизија започнува со обработка па емитување на премиерните епизоди од серијата која стекна огромна фан база и кај нас, но и во матичната земја.

Доаѓа моментот кога се открива чуваната тајна. Вистината за несреќната смрт на големиот Халит Аргун ќе го промени текот на дејството.

Злобната Шахика и овојпат смислила остроумен план, па наместо по сите три, полицијата тргнува во апсење на Јилдиз и Ендер.

Ќе успее ли Шахика и овојпат да се спаси од казна или неочекувано сведоштво ќе ја однесе и неа онаму каде што сите очекуваат да биде?

Не пропуштајте ги следните ексклузивни епизоди од вашето најомилено “Забрането јаболко” и уживајте во неповторливите реплики на уникатните ликови.

“Забрането јаболко” – понеделник и вторник на Канал 5, веднаш по вестите во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!