Почетна / Филм / Исландската драма „Жена во војна“ во сабота навечер на Телма

Исландската драма „Жена во војна“ во сабота навечер на Телма

Хала е педесетгодишна независна жена. Но, зад сцената на тивка рутина, таа води двоен живот како страстен еколошки активист. Позната на другите само по нејзиниот алијас „Жената од планината“, Хала тајно води војна против локалната алуминиумска индустрија. Како што дејствијата на Хала стануваат се похрабри, од ситен вандализам до директна индустриска саботажа, таа успева да ги стопира преговорите помеѓу исландската влада и корпорацијата, за изградба на нова топилница на алуминиум во планините.

Веднаш штом почнува да ја планира својата најголема и најхрабра операција досега, таа добива неочекувано писмо што менува сè. Нејзиното барање за посвојување дете конечно е прифатено и нејзе ја чека едно мало девојче од Украина. Додека Хала се подготвува да ја напушти улогата на саботер и спасител на Хајленд за да го исполни својот сон да стане мајка, таа решава да направи еден последен напад и да ѝ зададе осакатувачки удар на алуминиумската индустрија.

Филм во исландско украинска продукција на Телма во сабота, 16 март во 19.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пирс Броснан и Гај Пирс во трилерот „Spinning man” во сабота на Телма

сабота, 13 април 2024 година, Телма ТВ, 22.15 часот – Филозофија на убивањето Еван Бирч …

error: Содржината е заштитена!